Иран ќе ги испрати во Украина црните кутии од соборениот авион

од Aleksandar Todeski

Иран во Украина ќе ги испрати црните кутии од украинскиот авион кој по грешка беше соборен на почетокот од месецов , јави денеска новинската агенција Тасним.

Иранските власти исто така се подготвени експерти од Франција, Канада и САД да ги испитаат податоците од црните кутии, јави агенцијата.

Во падот на авионот на 8 јануари загинаа сите 176 патници и членови на екипаж кои се наоѓаа во него.

„Со помош на стручно знаење од Франција, Канада и САД, ќе се обидеме податоците од црните кутии да ги анализираме во Киев“, изјави надлежниот за иранската истрага Хасан Резаифар.

„Ако овој обид не успее, тогаш црните кутии ќе бидат испратени во Франција“, додаде тој.

Слични содржини