Исчезна Канје Вест? Со недели не се знае каде е раперот

од Stefanija Kuzmanovska

На контроверзниот рапер Канје Вест со недели не може да му се влезе во трага, а дел од јавноста е убедена дека музичарот исчезнал.

Канје беше тужен од неговиот поранешен деловен менаџер Томас Ст. Џон кој од него бара 4,5 милиони долари за наводни неплатени хонорари.

Меѓутоа, Ст. Џон пред судот во Лос Анџелес тврдеше дека Канје не успеал правилно да ги достави судските документи, што предизвика гласини дека Вест исчезнал.

Ст. Џон изјавил дека не можел да најде соодветна адреса за да ја достави жалбата и дека му се чинело дека Вест немал адвокат да ги прифати во негово име. Тој исто така истакна дека обидите да се испратат документи на дури три лични адреси биле неуспешни. Сепак, факт е дека Канје, освен адресите во Калабасас, Хиден Хилс и Малибу, на кои Ст. Џон ги поднел судските документи, поседува други имоти, како што е ранчот во Вајоминг, од кои некои се непознати за јавноста.

Иако Вест беше виден во јавноста само неколку дена пред неговиот поранешен менаџер да поднесе тужба, на социјалните мрежи почна да кружи вирална теорија дека проблематичниот рапер исчезнал и никаде го немало со недели.

Странските медиуми испратија прашања до неговиот менаџер, но тој се уште не ја коментираше ситуацијата.

Слични содржини