Исјановски: Денешната бројка на новозаболени од Ковид-19 е очекувана со оглед дека нашата држава помина два големи верски празници

од Aleksandar Petrovski

Доктор Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје во гостувањето на ТВ 24 истакна дека очекувана е денешната бројка на новозаболени од Ковид-19 со оглед дека нашата држава помина два големи верски празници.

-Бројката од денешните 38 новозаболени не е голема затоа што се очекуваше, бидејќи нашата држава помина два големи верски празници каде одреден број луѓе не ги почитуваа мерките, дали се тоа од христијанска или од муслиманска вероисповед. Затоа и оваа бројка во одредени места и општини се зголемува. Се надевам дека во иднина трендот ќе опаѓа, но прво морам да наведам нашите граѓани треба да се придржуваат до мерките, носење маска, социјална дистанца. Ваквото олабавување на мерките со почнување на работа кај угостителите е во ред, а сега се е во рацете на угостителите и граѓаните да се почитуваат оние дадени препораки и во иднина.

Исијановски рече дека бројката на заболени во Сарај, Бутел, Чаир и Гази Баба се зголемува, но позитивно е што ги знаеме кластерите и од каде доаѓаат кој е изворот на заразата.

Тој не мисли дека некои од одлуките се избрзани во овие 90 дена од формирање на комисијата зазаразни болести како и дека едногласно било одлучено во комисијата за олабавување на мерките односно укинувањето на полицискиот час, како и отварањето на угостителските објекти.

Слични содржини