Исламскиот свет против францускиот претседател: „Макрон е сатанист“ (ФОТО+ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Францускиот претседател Емануел Макрон беше мета на демонстранти ширум исламскиот свет по изјавите во врска со објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед.

Десетици илјади демонстранти во Бангладеш го нарекоа Макрон „сатанист“ и ги палеа неговите фотографии, откако вчера беа одржани слични протести во Пакистан, Ирак, Турција и Појасот Газа, пренесува Дејли Мејл.

Тврдокорниот ирански весник „Ватан-е Емруз“ на насловната страница објави карикатура на Макрон како ѓавол, означувајќи го како антиисламист и тврдејќи дека „биле видени француски екстремисти како го палат Куранот“.

 

Членовите на исламистичката група „Ислами Андолон Бангладеш“ се приклучија на протестот во Дака, повикувајќи ги муслиманите ширум светот да ги бојкотираат француските производи.

Демонстрантите од групата што се залага за воведување на исламистички закон во таа земја, носеа плакати со натпис „Сите муслимани на светот се обединуваат“ и „Бојкотирајте ја Франција“.

Демонстрантите носеа и голема фотографија од Макрон со чевли околу вратот, пренесува АП.

Земјите со муслиманско мнозинство се бесни во врска со изјавите на Макрон минатата недела и неговото одбивање да го осуди објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед.

Минатата недела Макрон го осуди убиството на Самуел Пати, наставник кој беше обезглавен во околината на Париз на 16 октомври, изјавувајќи дека тој бил убиен затоа што „предавал за слобода на изразување, слобода да се верува или да не се верува“.

Слични содржини