Исланд отвора граници за сите вакцинирани патници

од Vladimir Zorba

Од четврток, Исланд ќе овозможи влез на сите патници со потврда за вакцинација против коронавирусот без каква било друга форма на контрола, соопшти денеска исландското Министерство за здравство.

Мерката важи за патниците од Шенген зоната од 20 јануари, но сега ќе биде проширена на сите патници, без оглед од која држава доаѓаат.

Патниците ќе можат да влезат во Исланд со потврда за вакцинација издадена од земјите од Шенген-зоната или Светската организација (СЗО).

„Лицата со таков сертификат не треба да бидат тестирани или носени во карантин по пристигнувањето во земјата, ниту пак треба да носат негативен тест за коронавирусот“, соопшти Министерството.

Слични содржини