ИСТОРИСКИ ДОГОВОР НА ПОВИДОК? Вашингтон подготвен да разговара со Техеран

од Stefanija Kuzmanovska

Соединетите држави се согласија да учествуваат во разговорите со Иран и другите светски сили за нуклеарен договор со Исламската република, соопшти Стејт департментот.

Иран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на економските санкции, согласно договорот од 2015 година. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја повлече Америка од тој договор во 2018 година.

Вашингтон сега изрази подготвеност повторно да се приклучи на пактот под претседателството на Џозеф Бајден.

Неговата администрација го објави досега најсилното ветување дека повторно ќе се ангажира со Иран по ова прашање, објави Би-Би-Си.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека Соединетите држави ја прифатиле поканата од ЕУ на состанок со Иран за да разговараат за ова прашање.

Високиот дипломат на ЕУ, Енрике Мора, кој ја издаде поканата, рече дека ова е „критичен момент“ за договор.

Иран сè уште официјално не одговорил на предлогот од Брисел за продолжување на разговорите.

Слични содржини