Историски грабеж во Лос Анџелес: Крадците однеле 30 милиони долари, на полицијата едно нешто не и е јасна

од Симе Стоиков

Околу 30 милиони долари беа украдени од складиште за готовина во еден од најголемите грабежи во историјата на Лос Анџелес.

Крадците го пробиле покривот на објектот низ кој влегле во неделата вечерта, а грабежот бил откриен ден подоцна кога бил отворен сефот, јавува Sky News.

Сè уште е нејасно како крадците успеале да не го активираат алармот во објектот, за кој началникот на полицијата Елејн Моралес рече дека се чувале пари од локалните компании во долината Сан Фернандо.

Федералното истражно биро (ФБИ) ќе учествува во истрагата заедно со полицијата, а се претпоставува дека токму Велигден е избран за да се избегне вниманието од околниата

Слични содржини