„Исус ги мрази Србите“: Осквернавена православната црква во Приштина

од Берта Китинска

Дипломатот и писател Јан Банкрофт објави на Твитер дека по вчерашната литургија во недовршената црква Хирст Спас во Приштина, се појавил графит на англиски јазик: „Исус ги мрази Србите“.

Банкрофт изјави дека графитите се напишани неодамна на црквата каде што се служеше литургијата во четвртокот, првпат по 23 години.

„Исус ги мрази Србите“ – ми рекоа дека ова се свежо напишани графити на незавршената Српска православна црква во Приштина по денешната литургија, која беше прва од 1998 година “, напиша Банкрофт.

Епархијата Рашка и Призрен на Српската православна црква објави дека на празникот Вознесение Господово – Денот на Спасителот, за прв пат од 1998 г. се служеше литургија во црквата Христос Спасител во центарот на Приштина.

Слични содржини