Италија: 593 новозаразени со коронавирус, ситуацијата во Ломбардија е загрижувачка

од Stefanija Kuzmanovska

Италија објави дека во претходните 24 часа биле регистрирани уште 593 лица заразени со коронавирус, девет повеќе од претходниот ден.


Властите вечерва објавија дека 382 новозаразени лица се во Ломбардија,  најмногу погодениот италијанскиот регион, скоро исто како претходниот ден. Во другите 19 региони, има значително помалку од 100 нови случаи, а повеќето региони имаат помалку од 12 нови случаи на заразени.

Уште 70 луѓе починаа во Италија во претходните 24 часа.

Бројот на лица дијагностицирани со коронавирус се зголеми во Италија на 231.732, од кои починале 33.114. Само САД и Велика Британија имаат повеќе мртви од Италија.

Ситуацијата во Ломбардија ги загрижува здравствените експерти, пред претстојната одлука на Владата да им овозможи на граѓаните да патуваат во други региони и на крајот да го укинат карантинот на границите. Италија ги укина или олесни скоро сите ограничувања минатата недела и се отворија кафулињата и рестораните, плажите и парковите.

Дали олеснувањето на мерките ќе доведе до ново ширење на инфекцијата нема да се знае, барем до крајот на оваа недела.

Коронавирусот е потврден ширум светот кај повеќе од 5.860.000 луѓе, од кои повеќе од 360.000 починале.

Слични содржини