Итен состанок на Советот за национална безбедност на Украина: Еколошка катастрофа на повидок?

од Stefanija Kuzmanovska

На состанокот на членовите на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, беше соопштено дека 150 тони моторно масло се излеале во Дњепар поради уривањето на ХЕ Каховска.

Дополнително, како што се наведува, постои ризик од натамошно истекување на загадувачки материјал, соопшти Кабинетот на претседателот на Украина, што може да предизвика непоправлива штета на животната средина.

Во врска со катастрофата, учесниците на состанокот во Киев се договорија за голем број меѓународни мерки, меѓу кои: свикување состанок на Советот за безбедност на ОН, обраќање до меѓународните организации за заштита на животната средина и Меѓународниот кривичен суд, поради фактот што, како што е наведено, акциите на Русија содржат директни знаци на прекршување на Женевските конвенции.

Се наведува и дека се издадени наредби за евакуација на цивилното население од ризичните зони и обезбедување на населените места кои зависат од резервоарот Кахово со потребната количина на вода за пиење.

Слични содржини