Иванов: Децата не треба да ги оптоваруваме дека Бугарите се фашисти

од Nikola Popovski

Компромисот што го направивме со Грција и веројатно понатаму со Бугарија ќе се направат, значи дека и Бугарите ќе мора да попуштат, вели новинарот Зоран Иванов во емисијата „Само вистина“.

Според него, премиерот сам не може да промени нешто, во однос на терминот „бугарски фашистички окупатор“.

-Децата не треба да ги оптоваруваме дека Бугарите се фашисти. Во нашите учебници беше избришано и „клети Турци“, под влијание на турската дипломатија. Неспорно е дека Бугарија била фашистичка, но глупаво е да кажеме дека во 21-век Бугарите се фашисти, туку дека тогашната влада се ставила на страната на нацистите и Хитлер. Поновите генерации што потоа се родени не се виновни за злодела на нивните претци, посочува Иванов.

Слични содржини