Иванов: Одговорите не се во одговорите, туку во прашањата

од Vladimir Zorba

Велат нема погрешни прашања, туку само погрешни одговори. Сепак, денеска на македонскиот премиер некој му поставил „погрешно“ прашање, а тој ќе се распрашувал натаму, пишува во својата колумна Зоран Иванов.

Македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија, а еден канал на бугарската национална телевизија зрачи во македонскиот етер. Премиерот немал одговор зошто е тоа така, но сите го знаеме одговорот.

Прво, уште кога пред две, две и пол години се потпишуваше, а којзнае и по кој пат, засега последниот, договор меѓу двете национални телевизии за размена на програмите, односно за размена на директните ТВ сигнали, ние што подолго паметиме, а сме изгорени од бугарските данајски ветувања, укажуваме дека од тој „бизнис“ пак ќе нема ништо. Бугарската страна го протна својот државен ТВ сигнал наваму, нашиот заврши на Деве Баир.

Причината, иако му е јасна и на секое дете овде, баш не мора да се бара далеку и длабоко во минатото. Ене ја, во писмото што Бугарија го депонираше во ЕУ во Брисел, со кое си ветува дека не го признава македонскиот јазик. Никогаш и не го признавала. Оттука, која ли политичка утка беше таламбасата со потпишувањето на договорот за размена на ТВ сигнали и ТВ програми со живо емитување, каде што било кава цензорска интервенција е исклучена и каде соседот не ти признава ниту јазик, ниту историја. Кој воопшто ѝ поверува на добрата волја на бугарската страна дека нешто нагло ќе се промени во бугарската политика на овие идентитетски теми.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини