Избришано името „Република Македонија” во новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Во последните превирања кои постизборно се случуваат за и околу раководството на ВМРО-ДПМНЕ, на ред дојде и менувањето на статутот на партијата. Во досегашната верзија на документот по кој се води партијата, стоеше името „Република Македонија“.

ВМРО-ДПМНЕ многупати го имаше кажано својот став и грловито ја напаѓаа владејачката гарнитура за Преспанскиот договор со кој на името на државата се додаде придавката „Северна“.

Сепак, во новиот статут на партијата, името „Република Македонија“ е целосно тргнато.

 

Слични содржини