Изградбата на стадионите во Катар – „златна кокошка“ за Талибанците

од Nikola Popovski

Во изградбата на стадионите во Катар учествуваа и Талибанците, кои добро профитираа од тоа, пишува англиски Телеграф.

Како што пишува овој британски весник, повикувајќи се на неименуван добро информиран извор, талибанците добро заработиле од изградбата на стадионите во Катар. Како организацијата на овој Мундијал да не ја следеа многу контроверзи досега.

Наводно, со парите што ги добиле за да се согласат на мировни преговори, талибанците купиле механизација што вообичаено се користи за изградба на стадионот.

И тогаш тие машини му ги изнајмиле на Катар по цена од 10.000 долари месечно по машина.

„Турнирот беше златен рудник за Талибанците. Некои од нив изнајмиле по шест или десет машини, а за целото времетраење на изградбата на стадионот заработувале и до 10.000 по машина месечно“, вели изворот на Телеграф.

Катар беше и местото каде што се водеа мировни преговори, а во тоа време имаше многу талибански лидери кои живееја во оваа земја. Наводно, Катар им плаќал за тоа, а се наведуваат и Соединетите Американски Држави и Обединетите нации.

„Јавна тајна е дека во авганистанската амбасада во Доха членовите на преговарачкиот тим на Талибанците добиле пари од Катар и ги инвестирале во опрема за изградба на стадионот. Тие дури ја користеа својата мрежа за собирање донации од луѓето во Авганистан и им ветуваа на луѓето дел од профитот од изградбата на стадионот“, заклучил изворот на британскиот весник.

Слични содржини