Измерени минус 22 степени: Како изутринава се движат температурите по градови?

од Nikola Popovski

УХМР информира утринава најстудено било во Битола и во Берово каде што се измерени минус 22 односно минус 20 степени целзиусови.

По нив, следуваат Прилеп со -15, Тетово -14, скопски Петровец -13, а во Скопје се измерени минус седум степени. Во Гевгелија и во Дојран било условно „најтопло“ со минус четири степени.

Од УХМР соопштија и дека на Попова Шапка има снежна покривка од 38 сантиметри, во Маврово 28, а во Крушево 25.

Слични содржини