Изминатото деноноќие три пожари на отворено

од Nikola Popovski

Изминатото деноноќие имало три пожари на отворено, вкупно 1.482 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК и едно комбинирано интервенирање за пренесување на починат планинар од планината Пелистер до пристапен пат за понатамошна постапка, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму посочуваат дека имало и задоцнети повици за санирање ситуации предизвикани од силен ветар во саботата.

-Во Скопско, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 17:30 часот до 19:00 часот со две противпожарно возила и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација со површина од еден хектар во атарот на село Љубин во Општина Сарај. Пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани од 16:00 до 16:30 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од два хектари помеѓу селата Кривогаштани и Врбјани. Од ТППЕ Битола од 18:49 до 22:10 часот со двајца пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Петилеп“ во атарот на село Беранци во Општина Могила, соопштуваат од ЦУК.

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.482.

За пренесувањето, односно извлекувањето на починатиот планинар од планината Пелистер, Регионалниот ЦУК Битола информира дека од МВР-СВР Битола вчера (19.11.2023 година) прво во 12:50 часот, добиле известува дека на 500 метри над месноста Ловечка куќа на планината Пелистер – на тешко пристапен терен има починато лице (планинар). Се работело за повозрасно лице од Скопје. Од РЦУК Битола веднаш се известени ДЗС Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови, за истиот тим да го ангажираат и телото на починатото лице да го транспортираат до најблиското место каде можело да дојде соодветно возило да го преземе. За подобра координација е направен контакт помеѓу дежурните лица во МВР-СВР Битола и ДЗС ПО Битола.

Слични содржини