Израел го напаѓа Хамас во тунелите откако ја опколи Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските копнени сили во Појасот Газа денеска имаа за цел да лоцираат и онеспособат огромна тунелска мрежа на милитанти на Хамас под енклавата, што е следната фаза во израелската офанзива во која загинаа илјадници Палестинци, пренесува „Ројтерс“.

Откако вооружени лица на Хамас убија 1.400 луѓе и зедоа околу 240 заложници во прекуграничен напад на 7 октомври, Израел ја нападна Газа од воздух и употреби копнени трупи за да ја подели крајбрежната енклава на два дела.

Градот Газа, главното упориште на Хамас на територијата, е под опсада. Израел вели дека неговите трупи напредувале во центарот на густо населениот град, додека Хамас вели дека неговите борци им нанеле големи загуби на инвазивните сили.

Министерот за одбрана Јоав Галант рече дека Израел има „една цел – терористите на Хамас во Газа, нивната инфраструктура, нивните команданти, бункери, комуникациски објекти“.

Врховниот воен портпарол на Израел, контраадмиралот Даниел Хагари, изјави дека израелскиот борбен инженерски корпус користел експлозивни направи за да уништи мрежа од тунели изградени од Хамас што минуваат стотици километри под Газа.

Израелските тенкови наидоа на силен отпор од борците на Хамас кои користат мрежа од тунели за да поставуваат заседи, изјавија извори од Хамас и одделната милитантна група Исламски џихад.

Не било можно да се проверат тврдењата на ниту едната страна на бојното поле.

Слични содржини