Израелската армија изврши воздушен напад врз Појасот Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Израелската војска изврши воздушен напад врз Појасот Газа во текот на ноќта неколку часа откако пресретна ракета истрелана од областа и по апелот на САД до сите страни да се воздржат од натамошно насилство во Израел и окупираниот Западен Брег.

Војската соопшти дека нејзините воздушни напади биле насочени кон локациите за производство на ракети и оружје што ги користи Хамас, пренесува „Ројтерс“.

Засега нема извештаи за евентуални жртви.

Слични содржини