Израелската армија тврди дека пронашла тело на жена војник која била заложник на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska

Израелската армија денеска соопшти дека го пронашла телото на Ноа Маркијано (19), жена војник, која беше држена како заложник во Газа од страна на палестинското движење Хамас.

„Телото на војникот Ноа Маркијано беше извлечено од структура до болницата Ал Шифа во Појасот Газа од војници на израелската армија и пренесено на израелска територија“, се вели во соопштението.

Исламистичкото движење Хамас во понеделникот објави фотографија од телото на младата жена, опишувајќи ја како „убиена во израелско бомбардирање“.

Војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври.

Слични содржини