Извлечени сите 41 работник од урнатиот тунел во северна Индија

од Radmila Tasevska

Спасувачите денеска успешно ги извлекоа сите 41 работник, кои 17 дена беа заробени во урнат тунел во Индија, јавија американските медиуми.

Индиските медиуми пренесуваат дека работниците биле извлечени преку отвор направен од заварени цевки, што  спасувачите претходно ги провлекле низ земјата и камењата.

Портпаролот на владата на индиската држава Утараханд, Кирти Пандвар, изјави дека десетина спасувачи работеле во текот на ноќта, рачно копајќи камења и остатоци, дупчејќи наизменично со користење рачни алатки, откако во петокот дојде до дефект на електричната дупчалка поради планинскиот терен, во текот на хоризонталното дупчење од предната страна на тунелот. Во неделата почна изградбата на вертикален канал со употреба на нова машина.

Спасувачките екипи ги извлекоа работниците на носилки со тркала низ пробиените простори.

На 12 ноември свлечиште предизвика уривање на дел од тунелот долг 4,5 километри, на околу 200 метри од влезот.

Слични содржини