Извршена смртна казна во Индијана, судиите молеле за милост

од Stefanija Kuzmanovska

Брендон Бернард (40) беше погубен во затворот Тера Хаут во Индијана во четвртокот вечерта.

Ова се случи и покрај фактот што некои судии замолија за милост на неговото судење, објави Ројтерс.

За време на претседателството на Трамп, извршени се девет смртни казни само од јули, а уште четири треба да бидат извршени до крајот на неговиот мандат на 20 јануари, додава Би-Би-Си.

Бернард беше осуден во 2000 година, заедно со соучесникот Кристофер Виолза, за киднапирање и убиство на свештеникот Тод и неговата сопруга Стејси Багли, млада двојка од Ајова.

Пред да ги упати последните зборови кон семејството на убиените, Бернард изгледал смирено.

„Жал ми е. Тоа се единствените зборови што можам да ги кажам и целосно опишуваат како се чувствував тогаш и како се чувствувам сега“, рече тој, како што објави АП.

На Бернард му беше инјектирана смртоносна инјекција.

Слични содржини