Јанчева: Арсовска го поништи огласот со кој требаше да се вработат нови 20 пожарникари!

од Берта Китинска

Данела Арсовска го поништи огласот со кој требаше да се вработат нови 20 пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.Овој однос на деструктивната Арсовска е против интересите на граѓаните на Град Скопје и на штета на Бригадата за противпожарна заштита, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Таа надополнува дека очигледен е недостигот од пожарникари во Град Скопје, дополнително, работните позиции се празнат и со редовното пензионирање.

-Но очигледно тоа не и е важно на Арсовска, која заради лични каприци поништува јавен оглас кој беше на крајот од процедурите и со кој требаше да се вработат 20 нови пожарникари.Во изминатите четири години Град Скопје, раководен од Петре Шилегов и СДСМ, сериозно инвестираше во унапредување на условите за работа на пожарникарите.

Платата на пожарникарите се покачи за 20 отсто, а се инвестираше во нова современа опрема за поголема заштита и поефикасна работа на пожарникарите, вели советничката.

Јанчева посочува дека со ваквиот однос деструктивната Арсовска дејствува опасно кон Бригадата за противпожарна заштита и ја загрозува општата безбедност во Градот.

Слични содржини