Јаневски: Ѓорче Петров да стане првата зелена општина во Скопје

од Nikola Popovski

Ѓорче си ја живее својата идила и некако далеку од Скопје. Многупати сум кажал дека ако сакаме да возиме велосипед по патеките, тоа треба да биде и од Влае па натаму, ако сакаме имаме културни настани и повеќе зелениколо, тоа исто така треба да го имаме од Влае па натаму, вели кандидатот за градоначалник на ДОМ и ЛДП, Љупчо Јаневски во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Според него, Ѓорче Петров како се уште да не е разбудено.

-Паркот не е одржуван како што треба. Нашата идеја и цел ќе биде општината да стане првата зелена општина во Скопје, но и скопскиот маратон да поминува токму низ Ѓорче Петров. Зелено, хумани и одржливо со млади луѓе е нашиот план за општината, кажа Јаневски.

Слични содржини