Јаневски: Грижата за граѓаните од третата доба е еден од нашите приоритети

од Nikola Popovski

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од Движењето Одлучно за промени Љупчо Јаневски, носителот на листата Бојан Петровски и дел од кандидатите за советници, на повеќе средби во општината, разговaраа со повозрасните жители. На средбите се детектираа повеќе проблеми на нашите граѓани од третата доба.

Грижата за нашите граѓани е приоритет, затоа во нашата програма предвидуваме:

– Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров

– Бесплатни простории во месните заедници за пензионерите

– Финансиска поддршка за Клубот на пензионери во Ѓорче Петров

– Месечна бесплатна посета од стручни лица за основни здравствени прегледи

– Создавање на општинска мрежа од волонтери кои ќе се грижат за потребите на повозрасните граѓани во општината.

– Дневен центар за стари и изнемоштени лица

 

Квалитетот на живеење во Ѓорче Петров е нашиот приоритет. Без разлика на возраста, сите заедно треба да создадеме услови за Ѓорче да биде посакувано место за живееење.

Слични содржини