Јаневски: Сите сме виновни ако Охрид го нема заштитниот знак на УНЕСКО, 30 години замижуваме и сме пиеле кафе во тие ресторани што се уриваат

од Nikola Popovski

„Тоа што сме го правеле 30 години во Охрид, треба сега да бидеме со наведнати глави и веднаш да преземеме мерки. Ние 30 години замижувавме, затоа што сите сме оделе во тие ресторани и сме пиеле кафе“, вели директорот на агенцијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски.

Според него, катастрофално би било ако Охрид го нема заштитниот знак на УНЕСКО.

„Знаете ли што значи да не бидеме во тие 20-30 светски добра? Градот и езерото да го изгубат статутот на УНЕСКО? Ако со новиот Закон за дивоградби се пријавени во Галичица 2340 дивоградби, кои што треба да бидат легализирани, јас не велам дали, туку виновен е тој што почнал да гради, вториот што му дозволил и третиот што секој на некого во земјава му е пријател. Мораме да ги спроведеме законите. Не смееме да го изгубиме градот“, потенцира Јаневски, додавајќи дека не е време за рушење во Охрид во ек на туристичка сезона.

„Не се проблем само багер или два, објект или два, многу поопширна е сликата“, смета Јаневски во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

 

Слични содржини