Јанушев не е повеќе генерален секретар, Вело Марковски нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

од Aleksandar Petrovski

Игор Јанушев од лични причини се повлекува од местото генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Сепак, Јанушев останува член на ИК.

Во новиот извршен Комитет коишто Мицкоски го промовираше најголемо изненадување е инфектологот Вело Марковски.

Во највисокото партиско тело делува Гордана Димитриевска-Кочовска, Стефан Андонов, Рашела Мизрахи, Драган Ковачки, Марија Андоновска, а меѓу повратниците се и Антонио Милошоски и Владимир Ѓорчев, но не и Илија Димовски.

Александар Николовски и Владо Мисајловски остануваат во ИК како и Коце Трајановски, Трајко Славевски и Дафина Стојановска, како и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски.

Слични содржини