Јаоски од ДУИ, ќе биде кандидат за градоначалник на општина Пласница

од Берта Китинска

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,  Артан Груби денеска при посета на Општина Пласница информираше дека Али Јаоски ќе биде повторно кандидиран за градоначалник на оваа општина.

– Денес го потврдивме и г-дин Али Јаоски како кандидат за Градоначалник на општина Пласница и го споделувам моето убедување за победа уште од првиот круг, рече Груби при постата на Општина Пласница каде беше пуштена во употреба новата водоводна мрежа која е долга од 5,5 километри.

Слични содржини