Јас сум меѓу политичарите кои сакаат Македонија побрзо да стане дел од ЕУ, вели Радев

од Nikola Popovski

Задоволен сум што на последниот Консултативен совет на национална безбедност се покажа доследност за важното прашање за Република Северна Македонија. Мора да се поддржи повеќенасочниот пристап на владата, рече бугарскиот претседател Румен Радев од тамошното Собрание, од каде заедно со потпретседателката Илијана Јотова на свечена церемонија положија заклетва за вториот мандат на функциите.

Радев потенцира дека е меѓу политичарите кои сакаат Македонија побрзо да стане дел од Европската Унија.

-Затоа мора да им помогнеме на нашите браќа да ги надминат идеолозите од тоталитарното минато. Еднаквоста на македонските Бугари мора да се гарантира со нивно вклучување во македонскиот Устав, рече Радев, не заборавајќи да го спомене и бришењето на наводниот јазик на омразата кон Бугарија.

-Овој чин, заедно со усвојувањето на сигурни механизми за искоренување на говорот на омраза и зачувување на бугарското културно и историско наследство, треба да биде предуслов за нашата согласност за почеток на преговорите за членство, истакна бугарскиот претседател.

Слични содржини