Jавен повик и пријава за online работа и достава на продукти на територија на Општина Карпош

од Vladimir Zorba

Како резултат на пандемијата со коронавирус и воведениот полициски час, Општина Карпош објавува јавен повик и пријава за online работа и достава на продукти од храна од маркети, ресторани, производи од аптеки и слично на територија на Општина Карпош.

Работното тело за координација на состојбата со коронавирус во Општина Карпош, Кризниот го донесе следниот заклучок:

– Согласно владините мерки за online работа и достава на продукти од маркети и аптеки, достава на храна од ресторани и слично се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти да се пријават во Општина Карпош за добивање на дозвола за работа за време на полициски час.

Во прилог е Пријавата која е потребно да ја пополнат сите заинтересирани правни субјекти најдоцна до четврток 09.04.2020 година (четврток) до 11:00 часот.

Пополнетата пријава да се испрати на [email protected] .

Слични содржини