Јавен повик за дигитален асистент за олеснување до пристапот до програмите за државна економска помош

од Берта Китинска

Владата денеска го презентираше   јавниот повик кој има за цел да ја олесни комуникацијата и пристапот до информации за државна помош и поддршка на домaшаните и странските компании и инвеститори, намалување на времето на чекање на одговор од институциите, ќе треба да овозможи дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите.

На јавниот повик, кој ќе трае до 20 септември, право да аплицираат имаат трговски друштва основани согласно Законот за трговски друштва и регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија, да се со мнозинска македонска сопственост (со 50,1 отсто или повеќе) и годишните приходи на претпријатието да не надминуваат 10 милиони евра во претходните две фискални години.

-Кои се условите, каде се аплицира, како се аплицира, кои документи се потребни, која институција е надлежна, што се постои како услов за државна помош и слично се само дел од прашањата кои овој дигитален асистент ќе ги одговара, рече на денешната презентација на јавниот повик вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Дигиталниот асистент, нагласи, треба да е способен за брзо учење, да озвозможи коминикација со корисниците преку текстуални пораки, да го прилагоди својот јазик и тон врз основа на контекстот, да разбере и одговори на македонски, албански и англиски јазик и лесно да се ажурира во реално време.

Директорот на ФИТР, Коста Петров, истакна дека Фондот преку овој проект првпат се вклучува во дигитализација на процестите во Владата на Република Северна Македонија.

-Сигурен сум дека ова е само почеток на многу нови иницијативи со кои ќе им овозможиме на гражаните но и компаниите полесна комуникација со инститициите на Владата, рече Петров.

Слични содржини