ЈО даде наредба за истражна постапка за убиство во Гостивар

од Aleksandar Petrovski

Наредба за истражна постапка за убиство денеска донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар против 33 годишно лице од селото Чегране. Поради опасност од бегство за истиот е побаран и притвор.

Како што соопшти ЈО, осомничениот на 4 јуни на улицата „Илинденска“ во Гостивар, во близина на бензинска пумпа, се обидел да лиши од живот друго лице, исто така од селото Чегране.

-По претходен меѓусебен договор да се најдат на наведеното место, двајцата започнале меѓусебна вербална расправија, по што осомничениот извадил нож од џебот и му задал два удари на оштетениот – во пределот на рамото и во задниот дел на главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди. По настанот осомничениот се упатил кон полициска станица, каде што сам се пријавил како сторител нa делото. Поради сериозноста на повредите, оштетениот е префрлен од Ургентниот центар во Гостивар во Клиничкиот центар во Скопје, се наведува во соопштението на ЈО.

Слични содржини