Јотова: Застојуваме во однос на С. Македонија, дури и се враќаме на почетната позиција

од Nikola Popovski

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова смета дека нивната земја застојува на истото место во однос на С. Македонија, па „дури ѝ се враќа на почетната позиција“. Таа ова го изјавила како одговор на новинарско прашање во врска со вчерашната средба на бугарскиот претседател Румен Радев со безбедносните служби.

Според неа, резултатот од последниот состанок на заедничката историска комисија меѓу Бугарија и РСМ покажала дека во сите месеци по 2017 година не се направило ништо.

„Голема грешка е што нашата земја не успеа да ги убеди нашите европски партнери затоа што користевме само историски аргументи. Не дека тие не се важни, но има уште нешто што е уште поважно – човековите права и слободи на бугарските граѓани во РСМ, нашето културно влијание таму, влијанието на нашите општества“, рекла потпретседателката, додавајќи дека грешка е дека штом имало национален консензус – прво со претседателот, потоа рамковниот став на владата, декларацијата на парламентот, министерката за надворешни работи Захариева не сторила ништо во моментот кога Франција го блокирала пристапувањето на Албанија и Македонија, бидејќи според тогаш требало да бидат презентирани бугарските услови.

„Има цел список на грешки со текот на времето, кои ако владата сакаше да има нормален дијалог, веројатно голем дел од нив ќе беа избегнати и спречени и денес немаше да бидеме во овој ќорсокак“, потенцира Јотова.

Слични содржини