Јовановски: Дијагностициран ми е рак на желудник

од Vladimir Zorba

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски пред почетокот на денешното рочиште пред судот изјави дека не сечуствува добро и дека му е дијагностициран рак на желудник.

Судијката Васка Николовска – Масевска истакна дека доколку му е лошо да повикаат брза помош за да му дадат лек, на што Боки 13 одговори дека не смее да прима лекарства.

– Да беше се според правилата, немаше јас на 33 години да имам рак на желудник, рече Јовановски.

Судењето продолжува со доказните материјали.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини