Јовески: Нема да се двоумиме да покренеме кривична постапка за висококатниците доколку има елементи за тоа

од Viktor Jovanov

Републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески во денешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ изјави дека Обвинителството будно го следи процесот за изградбата на висококатниците во строгиот центар на Скопје. Јовески тврди дека доколку Обвинителството оцени дека има елементи на кривично дело во било кој дел од тој процес, веднаш ќе биде покрената кривична постапка за било кој субјект.

-Обвинителството го следи настанот со висококатниците, и од тој аспект оценува дали има елементи на кривично дело. Доколку утврдиме за сознанија во дејствијата на инволвирани лица во овој настан или во делот на урбанистичките планово, во однесувањето на тие планови или во организациите кои ги прават плановите, ние нема да се двоумиме да отвориме соодветна постапка, изјави Јовески.

Јавниот обвинител не сакаше понатаму да го коментира случајот при што повторно додаде дека на обвинителството му требаат одредени сознанија за да процени дали има елементи на било какво кривично дело.

-Кога ќе процениме дека има кривично дело ќе отвориме постапка, рече Јовески.

Слични содржини