Јунајтед и Јувентус се договорија за Рабио

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед и Јувентус постигнаа договор за трансферот на Адриен Рабио, пренесува „Скај Спортс“.

Се водат разговори меѓу газдите на „Олд Трафорд“ и мајката на францускиот играч за врска Вероник, која е и негов агент.

Информацијата ја потврдува и трансфер експертот Николо Шира, кој додава дека Рабио ќе потпише четиригодишен договор со „црвените ѓаволи“.

Играчот од средниот ред е дел од „старата дама“ од летото 2019 година и моментално е во последната година од договорот.

Ниту еден од изворите не објави конкретна вредност на трансферната сума, но шпекулациите во последните неколку недели укажуваа на суми меѓу 15 и 20 милиони евра.

Слични содржини