Јунајтед „украде“ голем талент во последен момент!

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Феенорд, Тирел Маласија е блиску до преселба во Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ постигнаа договор со раководството на клубот од Ротердам, а наскоро се очекува 22-годишниот одбранбен играч да потпише договор.

Холандскиот клуб од продажбата на талентираниот дефанзивец ќе заработи 15 милиони евра плус 2 милиони потенцијални бонуси.

Англиските медиуми наведуваат и дека Манчестер Јунајтед кој од клупата ќе го предводи Ерик Тен Хаг допрва треба да ги договори личните услови од договорот со играчот за да ја заврши целосно работата.

Клубот од Олд Трафорд понуди подобри финансиски улов во последен момент од Лион, кој, како што беше претходно најавено, веќе постигнал усмен договор со Феенорд.

Слични содржини