Јувентус подготвува трансфер-удари: Ги зема Кавани и Гризман

од Vladimir Zorba

Јувентус планира да го засили нападот во текот на летото. Според „Корире дело Спорт“, клубот од Торино ја разгледува можноста да го купи Единсон Кавани од Пари Сен Жермен, кој сака да ја напушти Франција.

Италијанскиот шампион, исто така, ја разгледува опцијата за Антоан Гризан од Атлетико Мадрид, но тој веќе преговара и е близу до премин во Барселона.

Како што е познато, Јуве доживеа голем срам во вторникот вечерта против Реал Мадрид. „Белите“ тотално ја уништија „старата дама“ и победија со 3:0 среде Торино во првиот 1/4-финален меч во Лигата на Шампионите.

Слични содржини