Не е потребно да прибегнувате кон незаконски супстанции или до алкохол, за да се чувствувате подобро, во случај дека сте потиснати. Постојат многу здравствени и природни начини да го подигнете тонусот.764b124aa0eaf65b752b0259fc7819b1

Еве и неколку ефикасни и корисни алтернативи на алкохолните пијалаци:

1. Спортувајте

Еден од најлесните начини да го подигнете тонусот без лекови е тоа да го направите преку вежби. Спортот го тера телото да ослободува ендорфини, кои ни даваат многу енергија! По интензивниот тренинг може да се чувствувате уморни, но по неколку минути ќе се повратите и ќе се чувствувате како да сте на шест шолји кафе.Па секој пат кога ќе се чувствувате немоќни, обујте ги патиките и спортувајте!

2. Одете на шопинг

Пазарењето е вид вежба – бидејќи човек оди пеш и носи тешки торби. Покрај физичките придобивки од шопингот, тој исто така има неверојатен психолошки ефект. Неодамнешните студии покажаа дека шопингот го покренува расположението и ја враќа насмевката на лицето на човекот.

3. Погледнете некоја убава комедија

Гледањето забавен филм може да ве натера да се чувствувате подобро и да заборавите на проблемите барем за два часа. Земете и некој пријател и одете на кино на некоја комедија.

4. Направете си гастрономска гозба

Убавата, вкусна храна создава добро расположение – факт. Консумирајте вкусна, но здрава храна, за да се наполни вашиот организам со важни хранливи материи и витамини. Ова ќе ви даде поттик на енергија.

5. Одете на масажа

Добрата масажа често доведува до состојба на релаксација. По масажата, човек се чувствува добро и одморено. Покрај тоа, додека лежите на креветот под рацете на масажерот, ќе заборавите, барем за некое време проблемите.

6. Практикувајте јога

Јогата е толку добра, што по тренингот ќе се чувствувате свежи и полни со енергија. Јогата успешно ја исфрла негативната енергија од телото на човек!

7. Направете нешто дрско

Уживајте во некакво адреналинско искуство. Отидете до лунапарк, скокајте со банџи или со падобран, научете се да скејтате или возите мотор. Измислете си нешто ново и возбудливо и пробајте го. Таквото искуство е најдобар природен стимуланс (и антидепресив) за добро расположение.

Слични содржини