Кожата е најголемиот човечки орган – сликата на нас самите за околниот свет. Врз неа неминовно влијаат и домашни и надворешни фактори.95f8ed059aaca1c525b9ae8c74281cf0

Високите температури, температурните разлики, сончевите зраци, нечистиот воздух и честичките прашина се само дел од непријателите на убавината.

Стресот, несоницата, богатата храна со сол, пушењето и слично, исто така ја играат својата улога за штетното влијание врз кожата.

Ова доведува до намалување на количеството на вода од слоевите. За да функционира правилно треба да се грижиме за вашата кожа секојдневно – да ја заштитиме на најдобриот можен начин.

Во летото секојдневното нежно чистење на кожата и добрата хидратација треба да се претворат во задолжителен елемент од разубавувачкиот процес.

Ви претставуваме четири чекори со кои ќе се погрижиме за кожата во текот на летните месеци.

Чекор 1. Чистење

Во процесот на регенерацијата во текот на ноќта, кожата произведува себум. Чистењето наутро со соодветен гел го отстранува овој себум и гарантира дека кожата е подготвена за нанесување на дневен производ за нега. Чистењето навечер има за цел да ги отстрани сите нечистотии и траги од шминка. За подобар ефект наплискајте го лицето, наизменично со топла и ладна вода 4 до 5 пати. На овој начин ќе ја подобрите циркулацијата и хидратацијата.

Чекор 2. Тонизирање

При тонизирањето се отстрануваат сите траги од производот за чистење, кожата се освежува и се обновува природната нејзината вредност на pH. Водата за чистење е многу пријателска за кожата, ја смирува и го регенерира нејзиниот сјај и младешки изглед.

Чекор 3. Нанесување на маска

Примената на навлажнувачки маски помага задржувањето на вода подолго време во кожата. Ова го обезбедува нејзиниот сјај и свеж изглед.

Чекор 4. Производ за дневна нега

Целта е да се обезбеди оптимална хидратација и заштита на кожата. Вистинскиот избор на крем се определува од типот на кожата, нејзините потреби и ритамот на секојдневниот живот.

Слични содржини