Каква е излезноста по општини до 17 часот?

од desk2

До 17 часот во општина Струмица излегле на гласање 14.596 избирачи или 29,7 отсто од вкупно запишаните 49.086. Во Радовиш, пак, 5.253 лица го оствариле свето право на глас или одѕивот е 21,6 отсто од запишаните 24.215 избирачи.
Во Василево излезеноста е 21,4 или гласале 10.438 избирачи, во Босилово 17,6 отсто или 2.148 гласачи од 12.208, во Ново Село 13,9 отсто од 11.267 запишани избирачи, а во Конче 27,9 отсто од запишаните 2.755.


Според претседателите на општинските изборни комисии од овој регион гласањето тече мирно и без проблеми.

Во Кичево до 17 часот се изјасниле вкупно 13.921 граѓани или 27.73 отсто од вкупно едвидентираните ов Избирачкиот список.

– Во нашата општина имаме 115 избирачки места со 50.327 гласачи, изјави преседателот на Општинската изборна комисија Антигона Сефери.

Во општина Демир Хисар од 7.090 регистрирани гласачи на единствениот избирачки список, до 17 часот гласале 27,15 отсто од граѓаните учесници на денешниот референдум, или досега гласале 1.925 гласачи, информира претседателот на Општинската изборна комисија во Демир Хисар, Митко Јанкуловски.

Гласачкиот процес е во тек.

Мирно и демократски се одвива гласањето во општините Новаци и Могила, информираат тамошните изборни комисии кои го пресметаа излезот на населението на гласање заклучно со 17 часот.
Од ОИК Новаци информираа дека досега гласале 700 жители од таа општина или 23,5 отсто од избирачите евидентирани во Единствениот избирачки список.
Од ОИК Могила потврдија дека до 17 часот гласале 893 граѓани, или 16,58 отсто од лицата со право на глас.
Мирно и без никакво нарушување на референдумскиот процес тече гласањето во општина Македонска Каменица.

Според последниот пресек и информациите од Општинската изборна комисија до 17 часот своето право на глас го оствариле 22,64 проценти од граѓаните регистрирани во Избирачкиот список.

– Само што пристигнаа информациите од 17 избирачки места каде денеска гласаат жителите на Македонска Каменица. Согласно информациите кои ги имаме, до 17 часот од вкупно 6.666 запишани граѓани, своето право на глас го оствариле 1.509 гласачи. Немаме дојава за какви било неправилности кои го нарушуваат референдумскиот процес, рече претседателот на ОИК Сања Митревска.
Излезеноста на референдумот во општина Гевгелија заклучно со 17 часот изнесува 33,6 отсто, информираат од општинската изборна комисија во Гевгелија.
На 37 гласачки места во општина Гевгелија своето право на глас го искористиле 6.462 од вкупно запишаните 19.234 гласачи.
Истовремено на 24 гласачки места во општина Валандово правото на глас го искористиле 2.624 граѓани или 26,32 отсто.
Мирно и непречено референдумкото изјанување се одвива и во општина Богданци каде излезноста до 17 часот изнесува 30,45 отсто со 2.062 излезени на гласачките места, а во општина Дојран гласале 969 граќани или 35,6 отсто од вкупно запишаните

Слични содржини