Калеска Ванчева: Мицкоски велеше дека е потребна вонредна состојба, па сега ретерира од првично изјавениот став

од Nikola Popovski

Пратеничката Снежана Калеска Ванчева од редовите на СДСМ, за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека целата јавност веќе добро знае дека од самиот почеток на доаѓањето на чело на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски има ретерирања од првично изјавен став, за било кое прашање.

„Уште подобро кажано би било дека не научивме за ниту еден изграден цврст став на лидер на најголема опозициска партија и во овие три години тоа многу јасно се покажа по неколку клучни работи. На 18-ти март, Мицкоски во емисијата „360 степени“ изјави дека веднаш е потребна вонредна состојба и тогаш сите се согласија дека е потребна. Кај нас беше мултиплициран проблемот, со тоа што имавме техничка влада и имавме распуштено собрание. Ретерирањето што го имаше Мицкоски е сосема небулозно“, смета Ванчева.

Слични содржини