Калифорнија: Авион се урна на автопат среде густ сообраќај (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Мал авион се урна на автопат во Калифорнија, инцидентот се случил вчера околу 12:30 часот по локално време. За среќа никој не беше повреден.

Снимката покажува како авионот паѓа од небо и се допира среде сообраќајот пред да се лизне, оставајќи трага од запалено авионско гориво.

Пилотот и патникот можеле безбедно да излезат од авионот, соопшти ЦХП.

Двете лица во авионот се неповредени, а повредени нема ниту на автопатот, јавува CBS.

Не се знае каде летал авионот, ниту кога точно полетал, но кога пожарникарите пристигнале на местото на несреќата, авионот веќе бил зафатен од пламен.

Неверојатно е што авионот се судрил само со еден пикап.

„Чудо е што никој друг не беше повреден“, рече Едвард Пајардо, човек кој беше сведок на несреќата и чија камера го сними авионот како паѓа на автопатот пред да се види густ црн чад, а потоа пламен.

Слични содржини