Караџовски: Забрането ќе биде седење по паркови или седенки после 22 часот

од Nikola Popovski

Директорот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски на денешната прес-конференција соопшти зошто не верува дека со забраната за движење од 22 часот ќе се намали ширењето на вирусот.

Според него, целта е да се спречат вечерните групирања и ризикот од трансмисија да биде помал.

„Нема да дозволиме народ после 22 часот да се групира на седенки, по паркови. Нема да дозволиме близок контакт на седенки по клупи. Дали мерката ќе се почитува во 18 часот, 19 или 22 часот, за мене е исто битно е да се почитува“, смета Караџовски.

Тој изјави дека ако едновреме имавме полициски час од 21 до 05, сега денот е подолг.

„Ние можевме да направиме и предлог од денеска од 14 часот. Што ќе се случеше? Луѓето ќе трчаа од работа дома и ќе не колнеа ќе ни зборуваа дека не сме стручни. Сега дека сме пуштиле од 22 ни велите што правите ги олабавувате мерките“, дополнува Караџовски.

Тој заклучува дека „дел од народот ни се тера, ни се води“.

 

Слични содржини