Касами е против евроинтеграции кои ги водат Османи и Груби

од Nikola Popovski

Од пролет ако власта нема слух за предвремени избори, да го артикулираме незадоволството на граѓаните и ако треба да организираме граѓански протести. Цениме дека оваа влада не се справува најдобро со економската и енергетската криза кога секој ден има покачување на цените на производите, рече градоначалникот на Тетово и лидер на БЕСА, Биљал Касами.

Тој во изјава за медиумите посочи дека во партијата ќе разговараат кога би се случиле протестите.

-Уште немаме сериозен предлог во органите на партијата, само разговараме. Засега како најдобар период за предвремени избори би бил пролет, но за поконкретен датум и месец немаме зборувано, кажа Касами.

Тој потенцира дека е „против евроинтеграции кои ги водат Османи и бандата на Груби“.

-Тие интеграции не одат напред во ЕУ, туку кон корумпирана власт и власт која не работи во интерес на граѓаните. Целиот ангажман на групата на ДУИ е како да се збогатат, а не да се оди напред кон Европа. Во реалност секојдневно работат нашите млади да избегаат од тука, рече претседателот на движењето БЕСА.

Слични содржини