Касами: Оваа Влада нема капацитет да го реализира Коридор 8

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска изјави дека актуелната Влада нема капацитет да ги реализира најавените автопатски делници од Коридор 8, а тоа го смета затоа што власта има многу проекти за тетовскиот регион кои останале само најава. За вчерашното неприсуство на свеченоста за Коридор 8 не одговори дали Општината имала покана, но рече дека нема да присуствуваат на „свадбите без зет и невеста“ на Владата.

– Нема да присуствуваме на никакви промоции на свадби без зетот и снаата, затоа што знаеме дека оваа влада е позната по тоа што прави такви свадби. Досега само во тетовскиот регион има промовирано три проекти кои нигде не се. Прво фабриката за електрични возила која пред изборите беше промовирана, никој не знае дали кога ќе почне да се стави камен темелник. Исто така, од самиот поранешен премиер во Тетово во изборна кампања беше промовирана инвестиција од 150 милиони евра. Исто од Еколог во делот на инвестиција на резиденцијални објекти, болница и такви работи, самиот премиер Заев го промовираше. Поранешниот министер за екологија промовираше инвестиција за Попова Шапка од над 150 000 000 евра, отиде министерот отиде инвестицијата, истакна Биљал Касами.

Тетовскиот градоначалник рече дека со централната власт Општина Тетово нема никаква соработка во областа на образованието, со полицијата, урбанизмот и културата и за тоа трпат граѓаните.

Слични содржини