Кавга меѓу водечките виролози во Германија: Чија студија за коронавирусот е точна?

од Nikola Popovski

Во Германија избувна кавга меѓу водечките виролози во земјата, Кристијан Дростен и Александар Кекуле, кои преку медиумите ја нападнал студијата на својот колега.

Во текстот на авторот, објавен во дневниот весник „Тагешшпигел“, Кекуле ја критикувал студијата на Дростен за коронавирусот и децата.

Тој посочил на наводно неколку грешки во студијата, наведувајќи дека бројот на примероци е неспоредлив, дека тие често се разликувале и дека примероците биле земени во различни фази на болеста. Тој исто така смета дека примерокот е премал за да се извлечат заклучоци, додавајќи дека биле тестирани само 49 деца под 11-годишна возраст, што е ирелевантен број за една студија и додалдека таквата студија требало да се повлече.

Дростен одговорил дека Кекуле води кампања против него и дека неговото пишување било тенденциозно. Дростен посочува дека Кекуле не ги знае ниту податоците од студијата и дека неточно ги цитира.

„Кекуле е тешко да се критикува, затоа штоза тоа би било потребно тој да објави нешто“, изјавил нападнатиот колега и виролог, пренесуваат медиумите.

Патем, Дростен се наоѓа и во „кавга“ со германскиот весник „Билд“, кој го критикувал, по што вирологот објавил прашалник што го добил, заедно со личните податоци на новинарот кој го критикувал во весникот.

Слични содржини