Ќе има ли нови мерки во пресрет на Велигден?

од Nikola Popovski

Епидемиолошка состојба со Ковид-19 се очекува наредните денови да биде анализирана од Комисијата за заразни болести, по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници.

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се со важност до 27 април.

Министерот за здравство, Венко Филипче во неколку наврати потенцираше дека граѓаните треба максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно треба да бидат внимателни за претстојните празници кои се голем епидемиолошки ризик.

Според надлежните, вакцинацијата во државава се одвива добро. Се очекува имунизацијата поинтензивно да продолжи да се спроведува по велигденските празници.

Слични содржини