Кичевчанец, „олеснил“ свој сограѓанин за околу две илјади евра

од Берта Китинска

44-годишното лице заработи кривична прријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

„Во текот на февруари 2022 година во Кичево, И.И. неовластено дошол до платежна картичка и пин на лице од Кичево и од банкомат во неколку наврати извршил трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 126.000 денари“, информираат од полицијата.

Слични содржини