Кикс на AstraZeneca: Големи проблеми со производството

од Vladimir Zorba

AstraZeneca ги извести официјалните претставници на Европската унија дека ќе ги намали испораките на својата вакцина до блокот за 60 проценти до 31 милион дози во првиот квартал од годинава поради проблеми со производството, изјави неименуван висок функционер кој учествуваше во преговорите за испорака.

Како што посочува Ројтерс, компанијата се очекуваше да достави околу 80 милиони дози вакцина до земјите-членки на ЕУ до крајот на март.

Тој додаде дека компанијата се согласи да испорача повеќе од 80 милиони дози во вториот квартал, но денес не може да обезбеди точни податоци за испорака за периодот од април до јуни поради проблеми со производството.

Посочи дека компанијата објави дека испораката е намалена поради проблеми во производството во фабриката во Белгија, со која управува нејзиниот партнер Novasep.

AstraZeneca вчера објави дека првичните испораки на вакцината за коронавирус во земјите на Европската унија, што ги развива со Универзитетот во Оксфорд, ќе бидат пониски од очекуваните, поради доцнењето во производството.

„Почетните количини ќе бидат помали од првичните предвидени заради намалените приноси на терен во рамките на нашиот европски синџир на снабдување“, рече портпаролот на компанијата во писмената изјава, одбивајќи да даде детали

Тој додаде дека компанијата ќе достави десетици милиони дози во земјите на ЕУ во февруари и март, бидејќи продолжува да ги зголемува количините на производство.

Претходно, германски Билд објави, повикувајќи се на извори од компанијата, дека AstraZeneca ја известила Европската комисија дека нема да може да ги достави договорените количини на вакцина за коронавирус на почетокот, откако доби одобрение за употреба во блокот, што се очекува на крајот на јануари.

Австриската веб-страница ОЕ24 исто така објави дека постои можност за доцнење во испораките, наведувајќи дека AstraZeneca им соопштила на координаторите за вакцинација во ЕУ во четвртокот дека планираните испораки ќе бидат значително пониски од целта во првиот квартал.

Без да наведува извори, ОЕ24 објави дека австрискиот координатор Мартин Оер им рекол на регионалните власти во земјата дека количините за првиот квартал се намалени на 500.000 до 600.000 дози од претходно планираните два милиони.

Вакцината, што ја развиваат AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд, се очекува да биде лиценцирана во ЕУ до крајот на овој месец.

Слични содржини