67
Ким Кардашијан краде бањарки од бањите на хотелите во кои престојуваат.
Сопругата на Кание Вест призна дека од време на време зема меки додатоци за во бања, особено кога престојуваат во едни од најскапите хотели во светот.
“Едно од моите омилени нешта при престојувањето во хотели се големите, меки бели бањарки, кои ги оставаат во собите. Секој кој патувал со мене знае дека сум опседната. “, изјави Ким во својот личен блог.
“Дури ќе признаам дека понекогаш ги земам од омилените хотели, како што Atlantis во Дубаи (жалам, украдов две крпи) и Montageво Беверли Хилс, бидејќи буквално ги имаат најдобрите”, продолжи сопругата на раперот.
Признанието изненади многу од фановите на реалити ѕвездата и дури предизвика негодување кај дел од нив.